Новото засилување на Атлетико Мадрид, Жофри Кондогбија изрази задоволство од неговиот трансфер на „Ванда Метрополитано“.
„Чест ми е што го носам овој дрес. Јас сум амбициозен. Никогаш порано не сум работел со Диего Симеоне. Сепак, однадвор може да се види дека многу години тимот игра на многу високо ниво и тренерот знае како да им ги пренесе своите идеи на играчите“, изјави поранешниот играч за врска на Валенсија.
„Имам одлични спомени со Јаник (Фереира Караско). Многу сум среќен што повторно ќе играме заедно. Очигледно е дека овој клуб и навивачите се едно големо семејство“, додаде Кондогбија.

