Холандската фудбалска легенда Робин Ван Перси, инаку поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, им се придружи на Пол Сколс и другите легенди на клубот кои го критикуваа тимот по поразот од Истанбул Башакшехир (1:2) во Лигата на шампионите и трагикомичниот гол што Јунајтед го прими во првото полувреме.
Ван Перси рече дека ваков натпревар никогаш немаше да се случи доколку тренерот на тимот беше Сер Алекс Фергусон.
„Тие не се обидоа доволно, требаше да бидат побрзи во дуелите и да дадат се од себе“, рече тој во интервју за БТ Спорт.
„Во мое време, Ферги имаше златно правило. Не е проблем да се загуби натпревар, но не може да се случи да трчаме помалку од ривалот. Тој сакаше секогаш да покажуваме 100% желба и посветеност”, вели холандскиот напаѓач.
„Мислам дека Башакшехир трчаше повеќе од Јунајтед. Тоа не смее да се случи на ниту еден натпревар. Не станува збор за вештина или квалитет, само за желбата и концентрацијата”, заклучи Ван Перси.

