Барселона размислува да продаде петмина свои првотимци, објави „Мундо Депортиво“.
Според изворот, ова е потребно за каталонскиот клуб да може да си дозволи трансфери на напаѓачот на Лион, Мемфис Депај и дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија, во претстојниот зимски преоден рок. Во информацијата се вели дека на списокот на оние кои ќе си одат се Мартин Браитваит , Карлес Алена, Осман Дембеле , Жуниор Фирпо и Самуел Умтити кои не се во плановите на тренерот на Барселона, Роналд Куман
Барселона освои 8 поени на 6 натпревари и е на 12-то место на табелата во Ла Лига. Лидер е Реал Сосиедад со 17 поени од 8 натпревари. Денес, Барселона ќе го одигра натпреварот од 9-то коло во Шпанското првенство со Бетис, натпреварот се ихра на „Камп Ноу“ со почеток во 16.16 часот.

