Синоќа, Баерн (Минхен) ја победи Борусија (Дортмунд) со 3:2 и сега е лидер на табелата во Бундеслигата и тоа сам со предност од два пода во однос на Лајпциг, односно 3 пред Борусија Дортмунд.
Ова беше четврти последователен успех за Баварците во „Дер Класикер“. Двете екипи се сретнаа и за Суперкупот на Германија, победи Баерн со ист резултат. Борусија последен пат триумфираше на дербито во 2019 година – повторно во натпреварот од Суперкупот.
Роберт Левандовски не пропушти да го казни својот поранешен тим. Полскиот интернационалец го постигна вториот гол за Баерн Минхен и веќе има 17 голови на 13 натпревари против Борусија. За Левандовски, ова беше натпревар број 300 во дресот на Баерн во сите натпреварувања. Во нив тој има вкупно 259 гола.
Давид Алаба исто така може да биде горд на своето јубилејно достигнување. Австрискиот репрезентативец, кој одби да го обнови договорот со Баерн, забележа победа број 200 со Баварците. На ова ниво стигна по 272 одиграни натпревари, што е рекорд во историјата на германскиот гигант.
Под водство на Ханзи Флик, Баерн има 45 победи од 49 натпревари. За време на неговото водење на тимот, Флик веќе ја освои Лигата на шампионите, титулата во Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа.

