За прв пат во историјата на француска Лига 1, Пари Сен Жермен победи на пет натпревари по ред, постигнувајќи најмалку три гола, објавија медиумите во Франција.
Парискиот тим ги победи Рен (3:0), Нант (3:0), Дижон (4:0), Ним (4:0) и Анже (6:1) во францускиот шампионат. Вкупниот биланс по одигрувањетона овие пет средби е 20:1. Парижаните се на првото место на табелата во Лига 1 со 24 бода. Зад нив е Лил со 19 поени, но имаат натпревар помалу.
Пари Сен Жермен е актуелен шампион на Франција. Минатата година ја добија титулата по завршувањето на првенството пред предвидениот рок, поради пандемијата на коронавирусите. ПСЖ имаше 68 поени во 27 кола и ја освои титулата. Далеку зад нив беше Олимпик Марсеј со 56 поени.

