Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го сподели своето мислење за дефанзивецот на својата екипа, а воедно и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
„Се разбира, Рамос е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Ова го докажа со своите настапи за Реал Мадрид. Мислам дека тој е најдобриот дефанзивец во историјата на фудбалот“, изјави Зинедин Зидан.
Да потсетиме, Рамос ги брани боите на Реал Мадрид од 2005 година, а пред тоа играше за Севиља, од каде и потекнува. Со Реал Мадрид, играчот освои 22 трофеи, вклучувајќи четири победи во Лигата на шампионите и пет титули во Шпанија.
Претходно имаше информации според која Реал Мадрид има намера да го продолжи договорот со Рамос на две години. Тековниот договор на шпанскиот дефанзивец со клубот трае до летото 2021 година. Без разлика што неговата главна улога е дефанзивата, сепак во својата кариера Серхио Рамос успеа да постигне 100 гола за Реал Мадрид во сите натпреварувања.

