32-годишниот играч на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија изјави дека има намера да ја заврши својата европска кариера во парискиот клуб.
„Сакам да ја завршам мојата европска кариера тука, но тоа не зависи само од мене. Среќен сум што играм за ПСЖ. Ова е клуб кој многу добро се однесува кон мене. Ќе дадам се од себе“, изјави Анхел Ди Марија за францускиот „Канал +“.
Минатата сезона Анхел ди Марија одигра 41 натпревар за ПСЃЖ во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и даде 23 асистенции. Во сезоната 2020/2021, на 5 натпревари, тој има 3 постигнати голови и 2 асистенции.
Во текот на својата кариера, Аргентинецот играше и во Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, а од 2015 година го носи дресот на ПСЖ.

