29-годишниот лев бек на РБ Лајпциг Марсел Халстенберг започна како стартер за РБ Лајпциг во победата над Фрајбург од 3:0, но мораше да биде заменет со Анхелињо откако почувствува силна болка во препоните.
„Тој се чувствуваше добро за време на загревањето кога ги прашав играчите дали сè е во ред. Проблемот на Марсел дојде после тоа”, објасни главниот тренер на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман.
Ова е уште еден проблем за селекторот Јоаким Лев затоашто Германија во среда ќе биде домаќин на Чешка во Лајпциг во контролен натпревар, а три дена подоцна е домаќин на Украина на истото место на натпревар од Лигата на нации.
Селекцијата на Гераманија е на второто место во групата А4 во Лигата на нации на УЕФА и ќе гостува во Шпанија на 17.ноември, но сега ќе мора да се справи со отсуството на Халстенберг, како и на Џошуа Кимих, кој синоќа се повреди на мечотс со Борусија (Дортмунд) и ќе мора да биде прегледан денес.

