Притисокот врз тренерот на Фиорентина, Џузепе Јакини значително се зголеми откако неговиот тим одигра 0:0 на гостувањето кај Парма во натпревар од 7. коло во Серија А.
„Виолетовите“ имаат само една победа во последните шест натпревари или вкупно 2 победи досега, што ги рангира на 12-то место со 8 бода. Полека ејасно дека Јакини можеби нема да дочека на продолжување на шампионатот по паузата за репрезентациите. Чезаре Прандели е фаворит за враќање на тренерската позиција, објавија медиумите во Италија.
Весникот „Тутоспорт“ објави дека луѓето околу претседателот Роко Комисо исто така изгубиле надеж дека работите ќе се подобрат под водство на Јакини. Изданието дури тврди дека одлуката е донесена и ќе биде објавена во текот на денепниот ден. Прандели има 63 години, познат како многу добар тактичар и мотиватор и го водеше тимот од 2005 до 2010 година. Другиот, кој се сметаше за фаворит за оваа функција кај „виолетовите“ во последните неколку недели, беше Маурицио Сари.

