Репрезентативците од Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио, Рома и Сасуоло нема да можат да се приклучат на своите репрезентации за претстојните контролни и официјални средби од Лигата на нации.
Претходно денес, здравствените власти на соодветните региони во Италија, од каде се клубовите, издадоа забрана за спортисти да патуваат на натпревари на нивните репрезентации. Ова се должи на присуството на најмалку еден пациент со коронавирус во соодветните тимови. Веќе неколку дена сите играчи на овие клубови се изолирани од надворешниот свет, патувајќи само за натпреварите во Серија А.
Поради пандемијата, ФИФА неодамна дозволи секој клуб да може да одлучи дали ќе дозволи играч од своите редови да замине на настап за својата репрезентација доколку треба да се стават во карантин кога ќе се вратат.
Она што во моментов нас не интересира е дали нашите репрезентативци кои настапуваат во Италија (Пандев, Несторовски и Елмаз) ќе допатуваат во Скопје, од она што го имаме како информација Несторовски до вечерва треба да биде во Скопје, Елмаз добил зелено светло од Наполи, но сега оваа последна одлука може да му направи проблем на Пандев кој сигурно дека ќе направи се, за да биде дел од историскиот натпревар со Грузија во Тбилиси.

