Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, јавно ја презема вината за вчерашниот голем пораз на „Месталја“ на средбата со Валенсија одиграна во рамките на Примера Дивизион.
„Фудбалерите не се виновни за тоа што се случи. Мислам дека започнавме добро, но, домаќинот доби шанса дури три пати да шутира пенали. Тоа е навистина многу“ – вели Французинот.
„Кралевите“ по одиграни осум кола во Ла Лига се наоѓаат на 4. место на табелата со 16 бодови или четири помалку од лидерот Реал Сосиедад кој има и натпревар повеќе.

