Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, проценува дека неговиот тим со сегашниот квалитет може да го освои секое првенство во Европа, но, дека тој не е доволен да се обезбеди пехарот во Премиер-лигата.
„Мислам дека екипата може да победи во секој шампионат. Сепак,во Премиер е исклучително тешко да го остварите тоа. Може да имате блескава сезона, но, на крајот Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи, Манчестер јунајтед, Лестер, Арсенал… да ја освојат титулата“ – вели Португалецот.
Популарните „спарси“ кои имаат 17 бодови, го делат второто место со Арсенал. Лидер во Премиер-конкуренцијата е Лестер кој има бод повеќе од тимовите од Лондон.

