Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашното реми на дербито со Ливерпул, вели дека Премиер-лигата мора да го воведе правилото за пет замени кое се практикува во повеќе шампионати.
„Погледнете колку играчи се повредуваат бидејќи имаат многу мечеви како за екипите така и за репрезентациите. Имате пет замени низ целиот свет, но, само тука мислиме дека сме посебни“ – вели Гвардиола.
Претходно дел од тренерите во Англија исто така реагираа дека здравјето на фудбалерите треба да биде во преден план и дека треба да се воведе правилото за пет замени.

