Капитенот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Џошуа Кимих, кој во саботата се повреди на дербито со Борусија Дортмунд, вчера беше успешно опериран. Германскиот репрезентативец заработи потешка повреда на лигаментите во дуелот со Ерлинг Халанд и мораше веднаш да биде подложен на операција.
„Среќни сме што Кимих нема да отсуствува премногу долго. Ќе му ја дадеме сета можна поддршка додека трае рехабилитацијата“ – изјави спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ.
Враќањето на Кимих на терените се очекува во почетокот на наредната година.

