Супер талентот на Барселона, Ансу Фати ќе биде надвор од терените околу четири месеци, објавија од „Камп Ноу“.
Денес Ансу Фати бил опериран, а според медиумите интервенцијата над 18 годишниот фудбалер била успешна.
По консултациите било одлучено да се оди на операција иако хируршката интервенција можеби е подобра за менискусот, но закрепнувањето трае подолго. Ансу Фати се повреди во саботата на мечот со Бетис.

