Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фудбалерите го одработија првиот тренинг
    Фудбал

    Фудбалерите го одработија првиот тренинг

    risteBy riste09/11/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одржа првиот тренинг во Скопје пред историскиот меч против Грузија во Тбилис за пласман на Европското првенство.

    Селекторот Игор Ангеловски нема многу време за подготовка, само неколку тренинзи за да ја подготви тактиката со своите избраници за дуелот со Грузија. Добра вест за нашата репрезентација е враќањето на Ељиф Елмас, кој ги пропушти претходните дуели поради позитивен тест на коронавирус.

    На денешниот собир се појавија сите, со исклучок на голманот Даниел Божиновски, кој е позитивен на ковид-19. Фудбалерите го одработија првиот тренинг во одлично расположение и се мотивирани да одговорат на големиот предизвик, а со тоа да се изборат за првиот пласман на Македонија на ЕП.

    Натпреварот во Тбилиси против Грузија се игра в четврток со почеток од 18:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.