Реал Мадрид се согласи да ја намали трансферната сума за Герет Бејл на 15 милиони фунти со што широко ја отвори врата за Тотенхем по поволни услови да му го откупи договорот на крајот на сезоната.
Фудбалерот од Велс кој игра како позајмен за популарните „спарси“, полека се враќа во посакуваниот ритам и претставува дел од напаѓачката тројка во која се вклучени Кејн и Сон.
„Мундо Депортиво“ наведе дека сега платата му ја плаќаат двата клуба по половина и дека Шпанците се согласиле да ја намалат трансферната сума само за да ги намалат трошоците.

