Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор ќе биде на центарот на историскиот меч за Македонија в четврток во Тбилиси против селекцијата на Грузија во финалето на плеј-офот од Лигата на Нации.
Нему ќе му помагаат Гери Бесвик, Адам Нун и Крег Поусон.
Тејлор важи за еден од најдобрите англиски судии во овој момент, а за дуелот во Тбилиси е подготвен и ВАР систем кој беше инсталиран и на полуфиналните дуели.

