Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шоу ќе отсуствува четири недели поради повредата која ја заработи на мечот против Евертон, објавија од „Олд Трафорд“.
Ова значи дека тој ќе ги пропушти натпреварите од Премиер лигата против Вест Бромвич Албион, Саутемптон и Вест Хем, како и натпреварите од Лигата на шампионите со Истанбул Башакшехир, ПСЖ и РБ Лајпциг.
Лук Шоу е редовен стартер во изборот на Оле Гунар Солскјер од почетокот на сезоната. Сепак, тешко дека неговото отсуство ќе биде голем проблем за „црвените ѓаволи“, бидејќи сега ќе биде достапен и новото засилување Алекс Телес, кој помина период на изолација поради позитивниот тест за КОВИД-19.

