Македонската фудбалска репрезентација неочекувано се најде во нови проблеми пред денешното патување за Тбилиси. Пре утрешниот најважен натпревар во Лигата на нациите против домашната селекција на Грузија, селекторот Ангеловски остана и без услугите на Крсте Велкоски и Кире Ристески. И двајцата се позитивни на Ковид-19 на вторите тестирања и тие не патуваат со тимот.
Со репрезентацијата не патува и Енис Барди кој е повреден.

