Диего Марадона е во приватна здравствена клиника во стабилна состојба и се опоравува од операцијата, изјави неговиот физиотерапевт Диего Дијаз.
Неврологот Леополдо Луке додаде дека проблемот на поранешниот фудбалер најверојатно е предизвикан од несреќа за која 60-годишниот Марадона не се сеќава. Физиотерапевтот на Марадона објасни дека на легендата и требаат лекари, терапија и семејна поддршка.
“Диего Марадона има лични проблеми, како и секоја друга личност. Важно е дека тој е во стабилна состојба и сега има потреба од храна, одмор и медицинска и семејна поддршка”, рече Дијаз.

