Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Тбилиси, Грузија каде треба утре да го одигра финалето од Лигата на нации кое носи пласман на ЕП 2021 година.
И покрај последните проблеми, двајцата позитивни на ковид-19, Крсте Велковски и Кире Ристевски и поврдениот Енис Барди кои не отпатуваа во Тбилиси, атмосферата во нашиот тим е позитивна и со голем оптимизам го очекувата финалето против Грузија.
Македонската селекција денес треба д аго одработи официјалниот тренинг, но и да ја одржат прес-конференцијата пред утрешниот натпревар кој ќе се игра со почеток од 18 часот.
ФОТО: ФФМ

