Атлетик Билбао е во потрага по нов тренер, соопшти весникот „Марка“. Во моментов, тимот од Баскија е предводен од Гаиска Гаритано, меѓутоа, според истиот извор, поради незадоволителни резултати, тој може да биде разрешен.
Во потесниот избор на Атлетик се тројца тренери: Маурисио Покетино , Ернесто Валверде и Марселињо. Покетино, чија последна работа беше англискиот Тотенхем, изгледа како најмалку веројатна опција, бидејќи чека понуда од еден од врвните европски клубови. Покрај тоа, клубот нема да може да му плаќа 10 милиони евра годишно – ова се финансиските очекувања на Аргентинецот.
Шансите на Марселињо и Валверде во очите на раководството на Атлетик се приближно еднакви. Последната работа на Марселињо беше Валенсија, додека Валверде беше отпуштен од Барселона.

