Нашите репрезентативци веднаш по прес-конференција на селекторот Ангеловски и капитенот Пандев го одработија официјалниот тренинг и ја почувствуваа арената „Борис Паичадѕе“, каде утре од 18:00 ќе се обидат да дојдат до пласман на ЕП.
Последниот тренинг ќе треба да ги разреши сите дилеми кај селекторот со кој единаесет ќе го почне натпреварот со Грузија.


