Прес-службата на Барселона објави официјално соопштение за преговорите со дел од играчите на каталонскиот гигант за намалување на платата.
Разговорите се одвиваат поради тешката финансиска состојба на Барселона.
„На 11 ноември, по неколкудневни напнати состаноци и заморни преговори, двете страни го завршија периодот на консултации без да се постигне договор. Раководството беше принудено да се одлучи за вакви мерки за надминување на сериозните финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот, што доведе до намалување на приходите на клубот за повеќе од 300 милиони евра, што бара корекција на платите од 191 милиони евра.
Имајќи предвид дека за време на преговарачкиот процес страните покажаа искрена и цврста желба да ги разберат проблемите на клубот од страна на играчите, оставивме време до 23 ноември да разгледаме и да одлучиме дали предлозите дискутирани на маса може да бидат прифатени. Во спротивно, ние ќе преземеме одговорност за донесување на одлуката што е од суштинско значење за клубот“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.
Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс изјави дека сите играчи, вклучително и мегаsвездата Лионел Меси, се свесни и подготвени да ги намалат платите.

