Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси реализираше повеќе пенали во последните 10 години отколку некои од водечките клубови на Стариот континент, пресмета ЕСПН.
Во последната деценија, аргентинскиот фудбалер постигна гол 33 пати од белата точка. За споредба, лидер кај клубовите во овој поглед е италијанскиот гигант Јувентус, кој заостанува зад Меси со 31 реализиран удар од белата точка. Реал Мадрид е втор со 26, а тројката ја надополнува Рома со 24.
Меси во моментов е во деликатна ситуација во Барселона. Во летото тој побара да замине, но клубот не го пушти. Тој одлучи да остане наместо да се расправа на суд за клаузулата од неговиот договор што му дозволува да си замине и ќе го заврши остатокот од договорот, кој истекува следното лето.
Во исто време, раководството на Барселона доживува финансиски потешкотии и инсистира играчите да ги намалат своите плати, бидејќи преговорите се неуспешни, играчите добија ултиматум до 23 ноември да го прифатат намалувањето. Аргентинецот се очекува да се пресели во Манчестер Сити, каде менаџер е поранешниот тренер на каталонците Пеп Гвардиола.