Реал размислува за повеќе купувања во текот на зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Главна трансфер цел на Реал Мадрид е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. За него Реал Мадрид е подготвен да плати 75 милиони евра, како и да им го даде на двегодишна позајмица Лука Јовиќ на тимот од Дортмунд. Исто така, Реал е заинтересиран за услугите на напаѓачот на Рен, Едуардо Камавинга. Кралскиот клуб ќе му даде на Рен понуда во износ од 50 милиони евра и може да го вклучи Маријано Дијаз во зделката .
Халанд се пресели во Борусија во јануари оваа година од РБ Салцбург за 20 милиони евра. Во оваа сезона на германскиот шампионат, Халанд постигна 6 гола и 2 асистенции на 6 натпревари. Младиот 18 годишен Камавинга постигна 1 гол на 8 натпревари од францускиот шампионат.

