Италијанските весници „Газета дело Спорт“ и „Кориере дела Сера“ излегоа со свој коментар околу информацијата која се појави во последните два дена дека Јувентус размислува да се раздели со Кристијано Роналдо.
Според ови два медиуми, шампионот во Серија А нема намера да се откаже од својот најпопуларен играч, бидејќи покрај тоа што е исклучително вреден со своите голови на теренот, тој е и од голема важност за спонзорските договори на клубот.
Популарноста и присуството на напаѓачот во Јувентус му помогнаа на одлуката на осигурителниот гигант „Алијанц“ да се согласи да го продолжи договорот за рекламирање со „бјанконерите“ за уште седум години, од 2023 до 2030 година. На „Адидас“ влијаеше и фактот дека Роналдо игра во овој клуб да одлучи да плати на Јувентус најмалку 408 милиони евра за период од 8 години.
Сето ова е доволен мотив и причина во Јувентус да не размислуваат за продажба на Кристијано Роналдо.

