Македонската спортска јавност или поточно цела Македонија одбројува и со нетрпение го очекува историскит меч во кој нашата фудбалска репрезентација ќе игра против Грузија, во обид да се најде на Европското првенство наредната година.

Претседателот Стево Пендаровски имаше разговор со нашите репрезентативци и испрати поддршка до фудбалерите. Разговорот со селекторот Игор Ангеловски и сите негови избраници го сподели на својот Фејсбук профил.
https://www.facebook.com/watch/?v=997803797363004
Нашите репрезентативци добиваат поддршка од целата јавност во Македонија и секако со таа мисла ќе истрчаат на теренот во Тбилиси во обид да го остварат најголемиот успех за нашата држава.

