Екипата на Манчестер Јунајтед планира да се раздели со играчот за врска Пол Погба. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да ги слушнат понудите за Французинот на крајот на сезоната.
Менаџерот на тимот Оле Гунар Солсјаер се помирил со фактот дека Погба не може да биде партнер со зимското засилување Бруно Фернандеш. Ова е причината зошто светскиот шампион останува на клупата на пет од последните седум натпревари на тимот.
Играчот од средниот ред најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, бидејќи Јунајтед ќе мора да го продаде по пониска цена.

