Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е позитивен на коронавирус, потврдиле од Египетскиот фудбалски сојуз.
„Салах, sвездата на Ливерпул, е заразен со коронавирус. Тој нема симптоми. Другите тестови на членовите на тимот се негативни. Мохамед е изолиран и во иднина ќе биде повторно тестиран“, соопшти прес-службата на Египетскиот фудбалски сојуз.
28-годишниот репрезентативец на Египет постигна осум гола на осум настапи за клубот од „Енфилд“ во англиската Премиер лига оваа сезона.
Салах ги брани боите на Ливерпул од 2017 година. Како дел од „црвените“, тој ги освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство, а минатата сезона ја освои титулата во Англија, прва за клубот по 30 години.

