Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да го напушти тимот на крајот на оваа сезона.
Актуелниот договор на капитенот на Реал Мадрид важи до летото 2021 година, а клубот сè уште не го обнови договорот со него. Беше објавено дека Реал Мадрид, кој обично не им нуди договор на постарите играчи повеќе од една сезона, отстапи од своите принципи и изрази подготвеност да потпише двегодишен договор со Серхио Рамос.
Сепак, како што објавија некои медиуми од Мадрид, сега има импресивни 80% шанси Рамос да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.
Серхио ги брани боите на Кралскиот клуб од 2005 година, а пред тоа играше за Севиља. Со Реал Мадрид, 34-годишниот фудбалер освои 22 трофеи, вклучувајќи четири победи во Лигата на шампионите и пет шампионски титули во Шпанија.

