Германија ќе оди на задолжителна победа против Украина и пласман во финалето на Лигата на нации, изјави тренерот на тимот Јоаким Лев.
Светските шампиони од 2014 година се изедначени со Украина со шест бода и заостануваат со еден бод зад лидерот од Шпанија. Натпреварот се игра утре (сабота) од 20:45 часот.
На прашањето дали Бундестимот може да ја освои групата, Лев рече:
„Можно е, тоа е нашата цел. Јас сè уште не размислувам за Шпанија, бидејќи пред тоа треба да ја победиме Украина”.
Напаѓачот Тимо Вернер, кој ќе игра на стадионот во Лајпциг првпат по трансферот во Челзи, ќе го предводи нападот на тимот заедно со Серж Гнабри и Лерој Сане, потврди селекторот Лев и додаде дека Филип Макс е исто така „добра опција“ за левиот бек.

