Македонските фудбалери го прославија големиот успех и пласманот на ЕП, но веќе со мислите се кон мечот со Естонија кој го играат утре.
На редовната прес-конфереција, селекторот на Македонија, Ангеловски изјави дека иако се емоционално испразнети, нашиот тим е подготвен за новиот предизвик. Тој најави дека сега како учесник на ЕП, товарот е поголем, но сепак момците се подготвени да одговорат на предизвикот.
„Кажав во септември дека главна цел е пласман на ЕП, ама и тука сакаме да бидеме први. Моментално сме на прво место и ќе дадеме се да бидеме први во ЛН. Нормално е по голем пласман емоциите да се испразнети, ама кога играш нов меч за Македонија, нормално сите ќе се потрудат максимално. Имаме доволно квалитет за со победа да одиме на Кипар и таму да решаваме за првото место. Втората можност пак да бидеме шампиони мора да не мотивира. Од утре настапуваме како репрезентација која настапува на ЕП и тоа мора со сите сили да го браниме. Секогаш има мотивации и сакаме да бидеме први во Лигата на нациите.Ќе се обидам да ја изнесам најдобрата тактичка определба според тимот. Доволно време сме заедно и добро знаеме што треба да направиме на теренот“, изјави селекторот Ангеловски.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра утре (недела) со почеток од 15:00 часот на арената „Тодор Проески“. По овој натпревар, репрезентацијата на Македонија ќе отпатуваат на Кипар, каде ќе се сретнат со Ерменија, во меч кој можеби ќе биде решавачки за првото место во нашата група.

