Македонија по пласманот на Европското првенство, откако во Тбилиси ја победи Грузија (0:1), ја очекува натпревар против Естонија.
Еден од оние кои секако ќе добие шанса за настап на оваа средба е искусниот напаѓач Иван Тричковски кои смета дека нема да застана овде и ќе се обидат да го освојат првото место во групата.
„Истрошени сме психички и физички, ама ќе дадеме сè од себе да победиме. Од АЕК ни честитаа мене и на Спировски и многу се горди и чест им е што ќе ги претставуваме на Европското првенство. Утре со Естонија, имаме должност и желба да се бориме и да докажеме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Доколку ги добиеме двата натпревари би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата“, изјави Тричковски на прес-конференцијата.

