Четворица играчи на украинската репрезентација и администраторот на тимот еден ден пред натпреварот на Лигата на нациите со германската репрезентација добија позитивни резултати од тестот за коронавирусот, пренесува веб-страницата на Украинската фудбалска федерација.
Денес, Украинците повторно ќе бидат тестирани. Доколку не дојде до друг позитивен, УЕФА нема да го откаже мечот во Лајпциг.
Според медиумите од Украина, заразените играчи на националниот тим се изолирани во хотелот во кој престојува тимот. Прашањето за нивниот понатамошен престој во Германија треба да одлучива денес специјалната медицинска служба на УЕФА заедно со владините служби на Германија. Според локалниот медицински протокол, лицето кое поминало позитивен тест за коронавирус во Германија е должно да остане во местото на престој во самоизолација во следните 15 дена. Сепак, украинската делегација ќе побара од германската страна да им дозволи, да направат исклучок за Андреј Јармоленко, Виктор Циганков, Виктор Коваленко и Сергеј Сидорчук и тие да може да ја напуштат Германија.
Украинската репрезентација се соочи со слична ситуација пред пријателскиот натпревар во Франција во октомври. Тогаш француските власти им дозволија на болните да ја напуштат земјата.

