Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се зарази со коронавирус, објавија денес некои од италијанските новинари. Тренерот на италијанскиот Милан наполни 55 години на 20 октомври оваа година.
На 9 октомври 2019 година, Стефано Пиоли стана главен тренер на италијанскиот клуб Милан, потпишувајќи 2-годишен договор. Во сезоната 2020/2021, Милан има освоено 17 поени (без пораз) во седум кола од Серија А и се на првото место на табелата. На 22 ноември Милан ќе игра ќе игра против Наполи во рамките на осмото коло од италијанскиот шампионат.
Клубот игра во групната фаза во Лига Европа. По три кола, Милан освои шест поени и се наоѓа на второто место на табелата. На 26 ноември „росонерите“ ќе играат со Лил на гости.

