Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е подготвен да го раскине договорот со Жедсон Фернандеш и да го врати играчот за врска во Бенфика.
Играчот за врска беше ангажиран во јануари со позајмица на 1,5 година со опција за откуп, но никогаш не успеа да го импресионира Мурињо. Досега има забележано само 13 натпревари за лондончани.
„Ако Бенфика сака да го раскине договорот, ние сме подготвени да го прифатиме затоа што го сакаме најдоброто за играчот. Бенфика има право да одлучи и ние ќе ја прифатиме нивната одлука. Јас нема да вршам притисок или да кажам дека не ни треба. Ја разбирам ситуацијата во која се наоѓа“, рече Мурињо.

