Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е активно вклучен во преговорите за обновување на договорот со дефанзивецот Серхио Рамос, но не инсистира по секоја цена капитенот да остане на „Бернабеу“.
Перез останува на ставот за само едногодишен договор за Рамос, што е во согласност со принципите на клубот во изминатите три децении.
Во интервју за телевизијата „Ел Чирингитуо“, претседателот на мадридскиот клуб изјавил дека нема да го блокира евентуалниот трансфер на Серхио Рамос во друг клуб, доколку играчот добие понуда што го задоволува „кралскиот клуб“.

