Македонија со победа над Естонија отпатува за Кипар каде ја очекува последната средба од Лигата на нации.
Дуел против добро познат протиовник, Ерменија со кој се бориме за првото место во нашата група и пласман во повисок ранг. На ден пред одлучувачкиот натпревар во Никозија против Ерменија, селекторот Ангеловски изјави:
„Не калкулирам, па на нерешено и не знам да играм. Ќе играме на победа, имаме одличен избор на фудбалери. Секој позитивен резултат ќе не однесе во Лигата – Б, а тоа е приоритет за нас. Со Ерменија игравме и претходно и добро ги познаваме. Тигран и Хов се играчи кои настапуваа за Вардар во минатото, ги почитувам и очекувам да одиграат на високо ниво“ изјави Селекторот Ангеловски.
ФОТО: ФФМ

