Атлетик Билбао потпиша нов долгорочен договор со дефанзивецот Унаи Нуњес. Новиот договор е до летото 2025 година, според официјалната веб-страница на Баскијците, Нуњес (23) е од соседниот град Сестао, но сепак беше привлечен од школата на Атлетик Билбао кога бил многу мал.
Тој има вкупно 65 натпревари и 1 гол за Атлетик, игра како централен дефанзивец. Тој веќе е повикан во шпанската репрезентација, а пред некое време медиумите во Шпанија пишуваа за интересот за него од Јувентус и Челзи.

