Германија синоќа претрпе еден од најсрамните порази во својата историја. Синоќа тимот на Јоаким Лев претрпе вистински крах против Шпанија и загуби со неверојатни 6:0.
Со овој катастрофален настап, Германија го „израмни“ антирекордот од 1931 година, кога загуби со истиот резултат од Австрија. Кошмарниот пораз синоќа доведе до сериозни повици за оставка на германскиот селектор само неколку месеци пред ЕУРО 2020.
Договорот на Лев со Германија е до крајот на Светското првенство во 2022 година, но може да не биде прекинат, пишуваат во Германија. Интересно е што по мечот, иако загубија со 6:0, селекторот на Германија Лев смета дека репрезентацијата е на вистинскиот пат.

