Четворица фудбалери на ерменската фудбалска репрезентација се заразени со коронавирус, пренесе утрово официјалната веб-страница на Ерменската федерација.
Според информацијата, вчер апозитивни тестови на Ковид-19 имале Горг Газарјан, Саргис Адамјан, Андре Чалешер и Григор Меликсетјан. Тие денеска ќе го пропуштат натпреварот од 6. коло на Лигата на нации против Македонија кој е закажан во Никозија.
Коронавирусот бил дијагностициран и кај кондицискиот тренер Хавиер Минјанон, како и кај тројца членови на делегацијата.

