Нашата фудбалска репрезентација со пораз го заврши настапот во втората сезона од Лигата на нации. Пораз од селекцијата на Ерменија во никозија со 1:0, а единдствениот гол беше дело на Хамбарџумијан во 55.минута.
Македонија одигра добро прво и лошо второ полувреме, во првиот дел не искористо неколку шанси за да дојде до водство, додека Ерменија искористи едно невнимание и постигна гол за водство и победа на оваа средба.
Селекторот Игор Ангеловски го доживеа првиот пораз во 2020 година и тоа во најлош можен момент – во борбата за место кое води во Лига Б.
По натпреварот, предводникот на Македонија потенцираше дека играчите чувствувале замор и дека не е лесно да се игра во отсуство на осум првотимци.
„Примивме еден наивен гол, Ерменија не беше подобра од нас. Ние не ги користевме шансите во првиот дел кога бевме подобри и тоа се покажа како клучно. Не е убаво чувството кога ќе се загуби, ама не може да победуваме на секој меч. Важно ни е дека си ја остваривме целта, тоа е пласманот на ЕП 2021“, изјави Ангеловски по средбата.
Македонија заврши како втора во групата и во следното издание на Лигата на нации повторни ќе игра во Лига Ц, додека Ерменија ќе се пресели во Лига Б.
ФОТО: ФФМ

