21-годишниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао се повреди при настапот за репрезентацијата на Португалија до 21 година и ќе биде надвор од терените најмалку две недели.
Напаѓачот заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот против младинската репрезентација на Холандија, а засега не се знае колку точно ќе биде надвор од терените, иако првичната прогноза е 10-тина дена.
Леао се пресели во Милан летото 2019 година од Лил и оваа сезона веќе има 10 средби и по 3 гола и асистенции.

