Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Проблем за Барселона, Пике ќе паузира неколку месеци
    Фудбал

    Проблем за Барселона, Пике ќе паузира неколку месеци

    risteBy riste22/11/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Централниот дефанзивец на Барселона, Жерард Пике ќе биде надвор од терените во наредните месеци поради повреда на десното колено.

    Од „Камп Ноу“ денес објавија дека дефанзивецот има истегнати вкрстени лигаменти и повредата е потешка отколку што првично се очекуваше. Според шпанските медиуми, ова ќе го извади Пике од составот на Барселона неколку месеци.

    Поранешниот шпански репрезентативец го изврте коленото откако Анхел Кореја падна врз него во второто полувреме на синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид. Роналд Куман има огромни проблеми во одбраната. Клемент Ленгле е единствениот централен дефанзивец од првиот тим.

    На лошата вест за Пике се додава и онаа за повредата во бутот на десниот дефанзивец Серж Роберто. Според „АС“, тој ќе биде надвор од терените два месеци.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.