По вчерашниот инцидент на мечот Лидс Ј. – Арсенал во кој беше вклучен и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски на социјалните мрежи се појави говор на омраза. Имено, Алиоски беше обвинет дека поради расистички навредни кон Николас Пепе бил удрен, по што Пепе доби црвен картон.
Арсенал и Лидс се огласија со соопштенија. Тие истакнаа дека нема да толерираат шпекулации, ниту да се прават приказни на социјалните мрежи. И двата клуба најавија соработка со ФА која треба да преземе акција, по која ќе испитува што точно се случил на овој меч и дали има нешто повеќе од исклучувањето на Пепе.

