Британската влада донесе одлука за ублажување на дел од мерките во врска со присуството на спортски настани на отворено, а од 2 декември некои од спортските објекти, вклучително и фудбалските стадиони, ќе бидат отворени за гледачите. Планот е веќе одобрен, а вечерва премиерот Борис Џонсон ќе го објави во јавноста.
Според планот, ова ќе се случи во т.н. Зона 1 и зона 2, кои ги опфаќаат областите каде ширењето на COVID-19 е најконтролирано. Стадионите од прва категорија ќе дозволат максимум 4.000 гледачи, додека оние од втората – до 2.000 гледачи. Во областите на зоната 3 спортските објекти ќе останат затворени.
Според англиските медиуми, само два стадиона во Премиер лигата – оние на Брајтон и Саутемптон, влегуваат во зоната 1 и тие можат да дозволат максимален број од 4.000 поддржувачи.
Клубовите во Англија, претрпеа големи загуби од недостаток на навивачи, па се надеваа дека ќе им биде дозволено да ги отворат стадионите со соодветен процент од нивниот капацитет. На крајот, бројот на гледачи останува фиксен. Сепак, ова е тешко олеснување за самите клубови, бидејќи таквата организација може да ги зголеми цените на натпреварот наместо да генерира приходи. На пример, ако Тотенхем биде домаќин на 2.000 гледачи на својот нов стадион со 62.000 места, ќе биде многу поскапо да се отвори стадионот за толку малку луѓе отколку да се остане затворен.

