Џејдон Санчо би можел да се врати составот на Борусија Дортмунд за мечот од Лигата на шампионите против Бриж (Белгија) во вторник, а главниот тренер Лусиен Фавре изјави дека ротацијата ќе биде клучна за згуснатиот распоред на тимот до крајот на годината.
20-годишниот репрезентативец на Англија, кој не е близу до својата сензационална форма од минатата сезона, има два гола на девет натпревари во сите натпреварувања, остана на клупата за резерви во победата на тимот против Херта Берлин од 5:2 во Бундеслигата во саботата.
„Во саботата решивме тој да се одмори за да го задржиме свеж“, им рече Фавре на новинарите денес на прашањето зошто Санчо е резерва. „Ќе продолжиме да правиме ротации затоа што тоа е потребно. Не гледам играч кој може да игра 10 натпревари за 30 дена, особено во нападот. Имаме многу опции во нападот и ќе продолжиме да ги ротираме играчите”, додаде тренерот.
Напаѓачот Ерлинг Халанд постигна четири гола против Херта, додека 16-годишниот Јусефа Мукоко стана најмладиот играч кој дебитираше во Бундеслигата кога во 85. минута влезе на местото на Норвежанецот. Борусија Дортмунд е на врвот на групата Ф со шест бода од три натпревари, италијанскиот Лацио е втор со пет, а Бриж со 4 бода на третото место.

