Напаѓачот на Челзи и Франција, Оливие Жиру може да го напушти лондонскиот клуб во јануарскиот преоден рок.
Според одредени информации објавени во медиумите на Островот желбата на 34-годишниот фудбалер е да биде во играчки ритам пред одложеното ЕУРО 2020. Во врска со ова, лондончани се подготвени да ја разгледаат опцијата за пуштање на играчот, доколку самиот Оливие го сака тоа. Судејќи според последните коментари на играчот, голема е веројатноста дека тоа ќе се случи.
Жиру се пресели во Челси во јануари 2018 година од Арсенал. Сумата на трансфер за 34-годишниот Французин беше 17 милиони евра, а актуелниот договор меѓу Оливие Жиру и сините е до 30 јуни 2021 година. Како дел од репрезентацијата на Франција во 2018 година, Оливие Жиру стана светски шампион.

